Лига на шампиони

Брестовац: Очајната реализација во второто полувреме беше пресудна за поразот

Тренерот на Металург, Данило Брестовац вели дека неговиот тим има уште многу за работа, како пресудна за поразот тој ја истакна катастрофалната реализација во второто полувреме во кое неговите играчи постигнаа само шест голови.

Металург одигра уште еден меч со две лица овој пат беа во драстично различно издание. Во првиот дел тимот од Автокоманда даде дури 18 голови, а во второто полувреме само шест. Тоа беше и клучниот момент за поразот од 31:24.
 
„Честитки за Спортинг, посебно за Скок кој имаше одличен натпревар. Мислам дека не нѐ надиграа, во овие два дена добро се подготвивме за мечот. Лично, за мене Спортинг има една од најубавите игри во нашата група во Лигата на шампионите. Ниту Татран, ниту Чеховски не даваат такви сигнали. Проблемот кај нас беше реализацијата. Млада екипа сме, мора и да бидеме агресивни во одбраната. Во моменти добро делувавме, но, сепак, пресуди таа реализација која беше на очајно ниво, посебно во второто полувреме. Ако ја бараме причината, во пет дена играме трет натпревар, но нема алиби. Од утре се враќаме на тренинзите. Четириесет и пет минути игравме меч со висок ритам и држевме контрола. Имаме уште многу за работа, имаме доволно време да се подготвиме за македонското првенство“, изјави Данило Брестовац по натпреварот.
 

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе