СП 2021

Брестовац: Не сме физички подготвени за СП, но можеме да го победиме Чиле и да одиме во втор круг

Македонската репрезентација од Египет доживеа уште потежок пораз отколку оној од Шведска, но и покрај овие два дебакли шансите за следната фаза остануваат. 

Македонија повторно разочара, ракометарите одиграа далеку од потребното ниво и загубија со 19 голови разлика од Египет. Селекторот Данило Брестовац вели дека физичката подготовка е главната причина за ваквите бледи настапи, но верува дека со Чиле ќе биде поинаку.
 
„Физички не сме доволно подготвени за едно вакво првенство. Но иако имаме мал период за подготовка пред Чиле мислам дека ментално и физички ќе бидеме поспремни за тој дуел. Веќе одигравме два меча против Чиле и мислам дека можеме да ги победиме и да се пласираме во следната фаза“, вели Брестовац.
 
Мартин Велковски вели дека е многу тешко кога се претставува Македонија а кога на теренот се чувствува немоќ.
 
„Му честитам на Египет, мислам дека тие ќе имаат успешно Светско првенство и далеку ќе стигнат. За нас уште еден разочарувачки меч. Лошо е чувството кога не можеме да ја презентираме Македонија на Светското првенство. Но имаме уште една шанса, против Чиле, со нив игравме пред Светското првенство, ги знаеме нивните квалитети и ако ги победиме ќе одиме во втор круг“, вели Велковски.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе