СП Скопје 2019 У19

Брестовац: Не можевме да и парираме на Јапонија, уште при видео анализата знаев дека ќе изгубиме

Селектор на кадетите, Данило Брестовац вели дека Македонија не можела да и парира на Јапонија ниту во брзина ниту во техника и откри дека уште при видео анализата знаел дека ќе загубиме.

Во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство, Јапонија ни одржа лекција по ракомет и забележа убедлива победа од 22-31.

Селекторот на кадетите, Данило Брестовац вели дека кога правел видео анализа на противникот дошол до заклучок дека не можеме да се надигруваме со „самураите“ и дека не чека пораз.

„Не успеавме да и парираме на Јапонија ниту технички, ниту тркачки. Противниците кои не се од Европа ни создаваат големи проблеми. Ниту со Јапонија, ниту со Нигерија, ниту со Бахреин не можевме да им парираме со бризина. Денеска противникот беше три пати побрз од нас. Технички исто така беа доведени до совршенство. Ние сме научени на европски ракомет, малку поспор и игра по шаблон. Ние во Македонија играме шаблонизиран ракомет, децата ги учиме исто, да играат акции и комбинации, да се знае каде е блокада, каде е вишок. И ова е проблем кога играме против селекции кои не се од Европа, тие играат друг начин на ракомет. Влеговме во мечот да победиме, ниту еднаш не сме збореле за калкулации. Ги мотивиравме играчите, им кажавме дека играме дома и треба да победиме. Но уште кога правев видео анализа забележав дека не можеме да и парираме на Јапонија, посебно со ротација“ – вели Брестовац.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе