Не чека долг пат

Брестовац: Може ќе треба да ризикуваме едно првенство за да направиме нова силна репрезентација

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац вели дека не чека долг пат за креирање нова силна репрезентација и дека „црвено-жолтите" мора да се подмладат, па дури и со ризик на едно големо натпреварување.

Македонија пристигна во Виена со амбиции за едно од првите две места и пласман во втората фаза. Но „црвено-жолтите“ брзо го завршија настапот на Европското првенство откако вечерва загубивме од домаќинот Австрија.

По крајот на натпреварот, селекторот Данило Брестовац изјави дека не чека долг пат за креирање нова силна репрезентација, тимот мора да се подмлади, па дури и со ризик на едно големо натпреварување.

„Несфатливо е како промашивме толку многу зицери, не можам да разберам како ни се повторуваат истите работи. Долг е патот за да направиме силна селекција со млади играчи, дали со мене или без мене, не знам. Конечно треба да се свртиме кон тоа вистинско подмалдкување и во периодот кој следи треба да ризикуваме едно големо натперварување“ - вели Данило Брестовац.

„Денеска одбраната не беше виновна, туку лошо игравме во напад. Повторно имавме слаба реализација, повторно не реализиравме ситуации шест на пет. Ммногу брзо ни избега мечот, во два наврати се вративме во игра, но третиот или четвртиот пат не беше успешно. Австрија залужено победи, беа трпеливи, нам ни влезе нервозата. Австрија сосема заслужено оди понатаму а нам ни останува да им дадеме потполна доверба во овие млади играчи, да ги мотивира за во догледно време да имаме една нова силна репрезентација и да се вратиме уште посилни на некое големо натпреварување и да значиме нешто во европскиот и светскиот ракомет“.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе