СП 2021

Брестовац: Кузмановски треба да биде новиот лидер на репрезентацијата, наследникот на Лазаров

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац има пофалби за односот и игрите на Филип Кузмановски за кој смета дека треба да биде наследникот на Кире Лазаров. 

Селекторот Брестовац вели дека веќе има визија како треба да изгледа македонската репрезнтација во иднина, а откако Кире Лазаров ќе се пензионира, Филип Кузмановски треба да истапи како нов лидер.
 
„Кузмановски игра одлично, задоволен сум од неговите настапи и неговиот однос. Тој треба да биде новиот лидер на репрезентацијата, кандидат е да го заземе местото на Кире Лазаров“, вели Брестовац.
 
„Во Костески добиваме ново стандардно крило. Кај голманите и пикерите сме добри. Митревски и Томовски меѓусебно одлично комуницираат, тие двајца треба да бидат нашиот голмански тандем за во иднина. Селекцијата полека добива физиономија, но има и играчи кои играат променливо, а за репрезентација треба да се даде многу повеќе“.
 
„Симтпоматично за мене е тоа што и во Австрија одигравме вака лошо, во квалификациите играме добро, а на големите турнири сме под своите можности. Мораме во иднина да го промениме пристапот и да се обидеме да го решиме тој момент“.
 
„На мечот против Русија влеговме лошо, но на паузата се договориме да го заборавиме првото полувреме, да влеземе како да почнуваме одново и тоа вроди со плод, во вториот дел бевме многу подобри“.
 
„Против Белорусија ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме, да го дадедме максимумот, но најпрво треба да видиме со кој состав ќе располагаме бидејќи имаме ракометари кои се жалат на повреди, прво да видиме со кои ќе настапиме, па ќе ја кроиме тактиката“.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе