СП 2021

Брестовац: Ќе изгубиме и од Русија и од Белорусија, ќе биде и потешко отколку што е сега, но мора да ја поминеме оваа фаза

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац вели ова не се најтешките денови за селекцијата, тие ќе дојдат кога Лазаров, Стоилов, Пешевски, Митревски... ќе престанат да играат за Македонија. 

Македонската ракометна репрезентација од четирите натпревари одиграни на Светското првенство, трипати загуби со двоцифрена разлика. До крајот играме уште со Русија и Белорусија, а селекторот Брестовац не верува дека сликата ќе биде поинаква.
 
Репрезентацијата е во период на транзиција и потребно е време за да се создаде нова силна Македонија.
 
„Физичката подготовка ни е проблем. Тоа е причината поради која сме добри на почетокот од натпреварите но потоа паѓаме и почнуваат грешките. Таквата состојба на ракометарите ме принудува да правам ротации во текот на целиот натпревар. Ако играме цело време со искусните можеби нема да загубме со толку голема разлика, но повторно ќе бидеме поразени. Нема да биде поразлично и против Русија и Белорусија. Ќе ги загубиме и овие натпревари но тоа е данокот кој треба да го платиме во овој процес. И ако мислите дека ова се најтешките денови на репрезентацијата, се лажете, тие допрва ќе дојдат кога ќе престанат да играат Лазаров, Стоилов, Пешевски, Митревски...“, вели селекторот Брестовац во разговор со новинарите.
 
„Немаме доволен фонд на ракометари за да можеме да бираме. Тие сме што сме. Македонската лига е преплавена од странски ракометари, екипи кои играат во плеј-оф имаат странци наместо шанса да им дадат на нашите играчи. Проблем е што дел од играчите не се први опции во своите клубови. Пример зошто Вардар го купува Ѓукиќ, зошто Георгиевски не биде прва опција, или Јагуриновски зошто не игра повеќе“.
 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе