Квалификации за ЕП 2020

Брестовац: Ќе играат само тие кои се подготвени да се „степаат“ со Турците

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац вели дека мечевите со Турција и Грција би можел да ги искористи и да пробаат некои новитети во играта.

Пред Македонија се последните два квалификациски дуели за ЕП 2020 година. Најпрво гостуваме во Турција (среда), а потоа ја пречекуваме Грција (идната недела). Нашата селекција е голем фаворит и во двете средби, а пласманот ќе биде обезбеден и без две победи, но со максимални четири бода од овие два меча ќе бидеме прво место, а со тоа ќе добиеме повластен статус во ждрепката.
 
„Видете, ние сме сигурно на ЕП, работата е што имаме можност да одиме еден чекор погоре, да си овозможиме подобра позиција во ждрепката за ЕП. Значи во тој некој психолошки дел ние сме малку растоварени, немаме притисок како што беше пред натпреварите со Исланд. Во добра позиција сме, можеме да пробаме нешто поразлично, доволно за да победиме, но не можам да претпоставувам што уште сега, пред натпреварот“ изјави Брестовац на денешниот собир на репрезентацијата.
 
„Приоритет ни е добар натпревар успех со Турците, сега не би зборувал ништо за Грција. Очекувам да одиграме добро и очекувам да ги земам со мене оние момци кои се подготвени да се ‘степаат’ со Турците. Очекувам да ја задржиме првата позиција на табелата и со тоа да одиме шешир погоре, мора да напредуваме. Знам дека беше тежок натпреварот против Турција во Битола, но секој натпревар си е за себе. Важно е да ги анализираме што подобро, да се поделат задачите. Немаме многу време, кратко е, но знаеме како треба да го направиме тоа како што треба“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе