- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 72НОВИ / 24h
- 1 од 12
- следно ›
- Контакт
СП 2021
Брестовац: Изгубивме од идниот Светски првак, Чиле ни е излезот од ова невреме

Во првите два меча на Светското првенство, Македонија доживеа тешки порази од Шведска и Египет. Од домаќинот загубивме со дури 19 голови разлика.
„Игравме против следниот светски шампион во ракомет. Тоа компактна екипа, физички јака, одлична селекција која е со години градена, мислам дека им е време да освојат Светско првенство кое ќе биде последица на нивните успеси во младинските категории. Тие се и континентални шампиони, па мислам дека ќе станат и светски“, вели Брестовац.
„Ова Светско првенство ни е показател до каде сме, од мечеви во македнско првенство не може да се добие слика. Ова е еден показател што ни недостасува и на што треба ракометарите да работат индивидуално ако сакаат да стана големи ракометари. Во репрезентацијата сме малку денови, тие треба да работат во свооите клубови“.
„Не очекував толку висок пораз, но тие се многу поквалитетен противник, а малку не поремети и црвениот картон на Кузмановски кој мислам дека е престрого досуден“.
„Овие два порази ги гледаме како едно невреме во кое се наоѓаме, а излезот ни е Чиле. Денеска ќе направиме видео анализира и ќе се подготвиме за нив. Имаме повеќе дилеми околу тактиката и составот на играчите кои ќе ги решавам во текот на денот“.
Ракомет
Објавено на
17 Јануари 2021 - 14:37