Задоволен од триумфот но не и од играта

Брестовац: Имаме некоја блокада, но победа си е победа

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац вели дека неговите избраници можат уште многу да понудат по денешната победа над Нигерија, но е задоволен со остварениот триумф..

Македонската кадетска репрезентација вечерва се радуваше на првата победа и првите бодови на Светското првенство за играчи до 19 години. „Црвено-жолтите“ важеа за големи фаворити и против Нигерија, но противникот добро не намачи и потклекна дури во финишот од мечот.

Селекторот Данило Брестовац е свесен дека Македонија не игра на потребното ниво, но е задоволен со триумфот.

„Ова е далеку од нашиот вистински капацитет. Имаме некоја блокада која не можам да ја објаснам во овој момент. Но победа си е победа, и сега се фокусираме на дуелот со Бахреин“ – вели Брестовац.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе