СП 2021

Брестовац: Игравме на победа, но направивме многу грешки во вториот дел

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац вели дека една од причините за поразот од Белорусија се и проблемите поради повреди. 

Брестовац вели дека не размислувале за конечен пласман на првенството, но против Белорусија тргнале на победа.
 
„Беше тежок натпревар, а ние направивме многу грешки во второто полувреме. Имаме доста повреди и тоа е една од причините поради кои загубивме. Денеска игравме за да победиме, не нè интересираше конечниот пласман“, вели Брестовац.
 
Македонија имаше разочарувачки настап на Светското првенство, пет порази и една победа, од петте порази дури четири беа со двоцифрена разлика.
 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе