Собирот е закажан за сабота

Брестовац го скрати списокот и одбра 22 имиња за дуелите со Турција и Грција

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Данило Брестовац го скрати поширокиот список и одбра 22-ца ракометари за дуелите со Турција и Грција во квалификациите за Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ во сабота ќе го имаат собирот и стартот на подготовките за последните два натпревари од квалификациите за ЕП. Данило Брестовац денеска го скрати списокот и одбра 22 имиња за дуелите со Турција и Грција.

Од комбинација отпаднаа Мартин Поповски, Дарко Димитриевски, Михајло Младеновиќ, Марко Мишевски, Марко Кизиќ и Гоце Ојлески.

Македонија најпрво гостува кај Турција на 12. јуни, а квалификациите ги завршуваме на 16. јуни против Грција во Струмица.

По четири одиграни кола, Македонија е прва во групата со пет бода, колку што има и Исланд, и доколку забележиме две победи, ќе го задржиме врвот на табелата и тоа ќе ни донесе поповолна ждрепка.

Список на репрезентативци:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски и Мартин Томовски.

Крила: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски и Ненад Костески.

Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Манасков, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски и Милорад Кукоски.

Пивоти: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски и Филип Арсеновски.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе