Подготовки за ЕП 2020

Брестовац го скрати списокот, 20 ракометари ќе патуваат на подготовките во Словенија

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац одбра 20 ракометари кои по новогодишните празници ќе заминат на финални подготовки во Словенија, а потоа списокот уште еднаш ќе биде скратен и ќе бидат одбрани оние кои ќе настапат на Европското првенство. 

По пријателските натпревари во Србија и Романија, селекторот Брестовац одлучи кои ракометари ќе останат во конкуренција за настап на Европското првенство, а кои не ја искористија шансата.
 
Тој го скрати списокот на 20 ракометари, тие ќе одат на подготовките во Словенија каде ќе одиграме пријателски мечеви со селекцијата на домаќинот и со Црна Гора. Потоа списокот ќе претрпи и финално кратење.
 
„По настапите во Романија на секој играч поединечно му кажав зашто е или зашто не е во комбинација за настап на Европското првенство. Сите ракометари, без приговор ја прифатија мојата одлука“, рече Брестовац на денешната прес-конференција.
 
Селекторот не е задоволен од минутажата и улогата на Кузмановски и Талески во своите тимови во Германија.
 
„Загрижен сум за минималната улога што Талески и Кузмановски ја имаат во своите клубови. Кузмановски против Грузија изгледаше тотално дефокусирано со 1 гол од осум шута. Знам дека не му е лесно, тренежен процес е едно, играње натпревари е друго, неопходно е повеќе да поминува на теренот. Талески и Кузмановски веќе не се млади, треба да ги покажат своите квалитети“.
 
Македонија натпреварите од Европското првенство ги игра во Виена, првиот меч го имаме на 11 јануари против Украина. Во групата се уште Австрија и Чешка.
 
Списокот од 20 ракометари кои ќе патуваат во Словенија: Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костевски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Кирил Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Никола Маркоски, Велко Марковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски. Жарко Пешевски, Столе Стоилов, Мартин Серафимов, Мартин Велковски.
 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе