Брестовац го објави списокот за младинскиот шампионат во Бугарија

Селекторот на машката ракометна репрезентацијата на родени 2002/2003 година Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир за подготовки за настап на „Balkan Men's Youth Championship 2019" во Бугарија.

Собирот е закажан за седми октомври со почеток во 08.00 часот во СС „Мајка Тереза" во Скопје.

Првенството ќе се одржи во градот Гоце Делчев во спортската сала „Неврокоп Арена" во период од 11 – 13 октомври, а ќе настапат репрезентациите на Бугарија, Турција, Косово, Црна Гора и Македонија.

Повикани ракометари:

1. Давид Ацевски РК Металург
2. Матеј Ивановски РК Алушовски
3. Михајло Костовски РШ КЛ 7
4. Петар Атанасијевиќ РК Алушовски
5. Емилијан Ѓоргоски РШ КЛ 7
6. Теодор Тодески РК Металург
7. Едвин Омерагиќ РК Аеродром
8. Иван Андревски РК Металург
9. Христијан Митревски РК Пелистер
10. Божидар Илиевски РК КЛ 7 Лазаров
11. Марко Митев РК Аеродром
12. Велимир Грујоски РК Вардар
13. Давид Ставрески РК Вардар
14. Михаил Ивановски РК Охрид 2013
15. Симон Калајџиски РК Вардар
16. Ѓорѓи Ташев РК Прилеп
17. Стефан Стојчевиќ РК Аеродром
18. Борче Христоски РШ КЛ 7
19. Кристијан Ташевски РК Металург.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе