петок, 29 март 2024

Вето на Русија на резолуција на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја: „Тоа повеќе не е во наш интерес“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави денес дека Русија ставила вето на резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за продолжување на мандатот на експертите за санкции против Северна Кореја бидејќи тоа е во согласност со интересите на Руската Федерација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Таквата позиција повеќе не е во согласност со нашите интереси“, им кажа Песков на новинарите за прашањата за руското вето.

Додаде дека Русија не се согласува со модалитетите кои се формализирани во тој проект.

Русија вчера стави вето на американската нацрт резолуција за продолжување на мандатот на експертите на комитетот на Советот за безбедност за санкции против Северна Кореја за една година.

Во документот било предложено мандатот да се продолжи до 30 април 2025 година. Северна Кореја е под санкции на ОН од 2006 година, а Советот за безбедност ги засилува низ годините во обид да се прекине финансирањето на програмата за нуклеарно оружје и балистички проектили на Пјонгјанг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ