Повик добија 28 ракометари

Брестовац го објави поширокиот список за ЕП 2020

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометери за Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот од следната година.

Данило Брестовац ги објави адутите за ЕП 2020, селекторот на македонската ракомента репрезентација попладнево објави поширок список од 28 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на континенталниот собир кој ќе се одржи на почетокот од следната година.

На списокот нема поголеми изненадувања, повик добија повеќе млади ракометарии кои имаа шанса да се покажат на последната ЕХФ недела. Првиот собир е на 21. декември, а репрезентацијата ќе се комплетира на 2. јануари кога ќе се замине на завршни подготовки во Словенија, каде ќе бидат одиграни две контролни средби пред стартот на ЕП 2020 и премиерниот дуел со Украина кој е закажан на 10. јануари.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе