Квалификации за ЕП 2020

Брестовац го објави конечниот список, против Исланд со двајца дебитанти

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац го објави конечниот список на ракометари кои ќе конкурираат за двомечот против Исланд во квалификациите за Европското првенство.

Данило Брестовац ги откри адутите со кои ќе му се спротивстави на Исланд. Селекторот на Македонија го скрати списокот и одбра 19 ракометари за пресметката со „рибарите“.

За двомечот во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, тој повика двајца дебитанти, се работи за Бојан Маџовски и Томислав Јагуриновски од Металург. По подолго време во составот се враќа и Милорад Кукоски.

Секако тука се и стандардните Лазаров, Ристовски, Манасков, Стоилов, Георгиевски, Талески, Маркоски и Кузмановски.

Собирот на ракометарите е закажан за во понеделник (8. април). Првиот натпревар против Исланд го играме на 10. април на гостински терен а четири дена подоцна реваншот е во Скопје.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе