СП 2019

Борко: Задоволни сме од победата, продолжуваме претпазливо

Борко Ристовски со 20 одбрани беше херој во победата над Јапонија, голманот е задоволен од денешниот меч, но не сака да се прави еуфорија на стартот. 

Борко имаше фантастичен меч на стартот од Светското првенство, македонскиот голман ги спречи Јапонците да се надеваат дека може да извлечат нешто повеќе од убедлив пораз.
 
„Не беше лесно како што изгледа. Јапонија беше незгоден противник, селекција која игра доста брз ракомет и ни направи многу поблеми во одбраната. Половина од головите ги постигнаа од контри или брз ценар. Победата е потешка отколку што покажува резултатот, но мора да сме задоволни“, вели Борко Ристовски.
 
„Се надевам дека со Бахреин ќе имаме добар резултат уште во првото полувреме и ќе можеме да одмориме во вториот дел. Но мора да играме претпазливо со нив. Целата јавност очекува убедлива победа, но не е така лесно“.
 
„Сега треба малку да одмориме па да се фокусираме на следната цел“.
 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе