Искусниот голман со совет до помладите

Борко: Оваа лекција треба да нѐ отрезни, без 200% нема успех

Голманот на Македонија Борко Ристовски вели дека тешкиот пораз од Шпанија треба да нѐ отрезни и да ни служи како поука дека на вакви големи натпревари треба да се даде 200% за успех.

По одличните изданија во Загреб, црвено-жолтите катастрофално ја отворија фазата во Вараждин и загубија од Шпанија со 20-31.

Избраниците на Раул Гонзалес лошо го почнаа мечот, потоа следуваше пех и повреда на капитенот Кире Лазаров, па во продолжението од средбата влегувавме од грешка во грешка за на крајот да загубиме со високи 11 гола разлика.

По крајот на мечот, Борко Ристовски вели дека овој тежок пораз треба да нѐ отрезни и да ни служи како поука дека на вакви големи натпревари треба да се даде 200% за успех.

„Шпанците одиграа натпревар со кој ја лимитираа нашата игра. Знаеја точно што играат, знаеја за нашето неискуство, знаеја дека ќе имаме потешкотии да ја нападнеме нивната комплексна одбрана, знаеја сите шанси што им се укажаа да ги искористат. Мислам дека Шпанија во одбрана одигра како за ракометни учебници. Можеме и мораме многу да научиме од овој натпревар“, вели голманот на Македонија.

„Сите по малку се занесовме дека имаме којзнае какви шанси, но реалноста денеска нѐ спушти на земја и сигурно ова е еден натпревар што треба да ни послужи како лекција, особено за младите играчи, кои многу, многу треба да учат да напредуваат за да стигнат на ниво да се бориме за медал. Тоа е цената кога имате млади играчи во екипата, и ова е школо за нив“.

„Сега сите треба да ја дигнеме главата горе, никако не треба да паднеме бидејќи Шпанија е Шпанија, да не се лажеме. Одигравме онолку колку што тие ни дозволија. Одиграа тактички перфектно, во одбрана ги искористија сите грешки, ни дадоа голови од контри и полуконтри“.

Македонија сега шансата ќе ја бара против Чешка во вторник и против Данска в среда.

„Шансата ја бараме на секој натпревар, ја баравме и вечерва, а ќе ја бараме и против Чешка и против Данска. Не смее овој пораз да нѐ спушти долу и треба сите да останеме позитивни. Оваа лекција треба да нѐ отрезни и да сфатиме дека ако не даваме 200% на секој меч, вака ќе ги завршуваме натпреварите. Мораме да се игра борбено и пожртвувано. Едно е да не сте моќни, а сосема друго е да не трчате, да не се борите и да не се враќате назад. Денеска примивме премногу голови од контри и така не може против сериозна репрезентација како Шпанија“.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе