РК Вардар

Борко Ристовски е нов голман на Вардар

Стевче Алушовски на пресот по мечот со Монпелје потврди дека Борко Ристовски од понеделник ќе биде нов голман на Вардар, во тимот доаѓа и Марко Мишевски. 

Вардар од понеделник ќе добие двајца нови ракометари, а едниот од нив е репрезентативниот голман Борко Ристовски.
 
„Од понеделник ќе биде поинаку. Ќе ги имаме Борко Ристовски и Марко Мишевски. Се надевам дека тие ќе ни ја донесат потребната свежина. Со нив ќе биде комплетиран тимот кој ќе го имаме до крајот на сезоната“, изјави Алушовски.
 
И двајцата голмани веќе го носеле дресот на Вардар, Борко Ристовски од 2001 до 2003 и од 2010 до 2012. Мишевски минатата сезона беше дел од Вардар а потоа отиде во Гренобл од каде се враќа во црвено-црниот табор.
 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе