Македонскиот голман влезе во политика

Борко Ристовски: Чест ми е што ќе бидам дел од стратешкиот тим на ВМРО ДПМНЕ

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски стана дел од стратешкиот тим на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Борко Ристовски влезе во политиката, тој денеска од Христијан Мицковски беше именуван за стратешки соработник за прашањата од областа на спортот.
 
„Чест, задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Од моја страна, можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт. Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации, клубовите, спортските работници и се разбира спортистите, пренесени од позитивните пракси од европските земји. Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ќе го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење. Да живее Република Македонија“, напиша Борко Ристовски на својот фејсбук профил.
 
Борко Ристовски во ноември ќе наполни 37 години, се ближи крајот на неговата кариера, па можеби ваквите вести се најава во кој правец ќе се движи голманот откако ќе прекине да биде меѓу стативите на ракометните терени.
 
Тој има богато интернационално искуство, а меѓу поважните клубови во странство играше за Рајн Некар и Барселона, сега го брани голот на Бенфика.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе