Квалификации за ЕП 2020

Борко: Реми со горчлив вкус

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски е задоволен со ремито иако вели дека тоа е со горчлив вкус бидејќи на крајот имавме шанса да победиме.

Македонија одигра уште еден драматичен меч со Исланд, овој пат противникот се спасуваше во последните секунди.
 
„Знаевме дека ќе не очекува уште потежок меч од оној на Исланд. Во поголем дел тие ја имаа контролата, но имавме шанса да победиме и тоа ни остава горчлив вкус, но кога се ќе се собере и одземе треба да бидеме позитивни и да сме задоволни со овој бод“, вели Борко Ристовски.
 
„Кога играте за Македонија нема лесни и тешки натпревари, пред нас сега се два меча за кои е важно во каква форма ќе биде репрезентацијата во јуни бидејќи се по напорната сезона. Не треба да стравуваме ни од Турција ни од Грција, ќе зависи од нас“.
 

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе