ЕП 2020

Борко: Не се откажувам, сè додека ме викаат ќе бранам за Македонија

Борко Ристовски не планира да се откаже од националниот тим, вели дека сè додека добива покани ќе брани за репрезентацијата на Македонија. 

Македонската ракометна репрезентација имаше неславен настап на Европското првенство. Играчите се мета на критики од јавноста, а меѓу нив е и Борко Ристовски. Нашиот голман вели дека не размислува за пензија, ќе го носи дресот се додека добива повици.
 
„Зошто да не бранам. Сè додека селекторот ме вика и додека имам сила, јас сум тука за Македонија“, вели Борко Ристовски.
 
„Што се однесува до првенството не знам од каде да почнам. Сите треба да размислиме, и ние и вие видовме каде ни е местото. Мораме да бидеме пореални во нашите очекувања, со овој квалитет толку можеме. Ни треба уште многу работа на сите полиња, почнувајќи од младинските категории, треба да создаваме една нова генерација. Ова е една добра лекција за сите нас. Цело време даваме поддршка на младите и ќе даваме, но треба да ни е јасно дека сме далеку, далеку од онаа генерација која бевме“.
 
„Ни фали храброст, не се работи само за квалитет, тој секогаш не е пресуден. Треба да сме свесни колку ни се можностите. Повеќето од нашите играчи беа бледи. Не се работи ни за тактика, ни за техника, ни за знаење, туку за храброст“.
 

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе