СП 2019

Борко: Хрватска е поквалитетна репрезентација од нас, треба да го прифатиме тоа

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски жали за пропуштените шанси против Хрватска, но е свесен дека Македонија нема квалитет да се носи со денешниот противник.

Македонија со голема желба влезе во дуелот со Хрватска, но реалноста се виде на теренот, а на него противникот беше подобар и убедливо победи.
 
„Им се поклопија коцките на Хрватите, ние промашивме зицери, тие тоа го казнија со лесни голови. Нема многу што да се објаснува, Хрватска е поквалитетна репрезентација од нас и тоа треба да го прифатиме. Тоа е тоа, одиме понатаму“, вели Борко Ристовски.
 
„Што се однесува до тактиката „седум на шест“, тоа е избор на Раул Гонзалез. Создадовме многу зицери, но исто така и промашивме многу од нив. Тоа се тактички надмудрувања за кои се одлучи селекторот“.
 
„Не знам дали ќе одмараме со Шпанија и ќе се фокусираме на Исланд. Тоа треба да го одлучи селекторот“.
 
Македонија следниот меч го игра со Шпанија, тој дуел се игра во среда со почеток од 20:30 часот.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе