ЕП 2020

Борко до критичарите: Глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси, ова се вашите пет минути!

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски распука по оние кои ги критикуваа неговите перформанси на натпреварот против Чешка. 

Иако Митревски имаше одличен меч против Украина, селекторот Данило Брестовац се одлучи натпреварот против Чешка да го почне со Борко Ристовски. Тоа го зголеми притискот кон него, а судот на јавноста беше построг. Дополнително Борко трпи критики поради тоа што јавно даде поддршка на една политичка партија.
 
Критиките очигледно допреа силно до македонскиот голман, па тој преку својот фејсбук профил им одговори:
 
Морам да признаам дека не спиевме најдобро, барем ја. И не треба да се спие мирно после секој пораз. Таков е спортот... Тоа е притисок, разочарување, едноставно емоцците кога играте за својот народ и држава се преголеми. Јас сум во репрезентацијата околу 15 години и морам да признаам дека по првпат го почувствував притисокот на политиката на свој грб.
Убаво школо. Корисен дел од мојот живот во и надвор од спортот. Меѓутоа оние што ме познаваат знаат дека јас не сум човек што се откажува ниту повлекува. Бидете сигурни дека нема да се повлечам ниту чекор назад на нападите и критиките кои што се дел апсолутно заслужени и ги прифаќам, но поголем број се орекстрирани политички но има и такви што се лични фрустрации“.
 
„Велат дека глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси. Така и сега. Ова се нивните 5 минути. Нека ги искористат добро затоа што многу брзо ќе завршат.
Ние (репрезентацијата) имаме незавршена работа во Виена. Не чека натпревар кој е премногу важем за да ги разочараме вистинските македонски навивачи и оние поддржувачи кои одвоиле од својата уста за да дојдат тука и да не бодрат, и сите оние што испратија неколку илјади пораки изминатата ноќ.
Ете затоа се игра за Македонија. Заради својата гордост, својата чест. Честа на своето семејство и народ. А сите оние на кои им смета македонското знаме, македонската химна, македонскиот народ се во огромно малцинство, за наша среќа“.
 
„Затоа воопшто не е важно кој за која партија е. Важно е во вторник сите заедно сплотени да одиме на победа која не носи во вториот круг. Да живее Македонија!“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе