СП 2019

Борко царува на голот, Македонија води против Јапонија

Македонија одлично го почна мечот против Јапонија, прв на Светското првенство, по првите 30 минути водиме со 18:13, Борко има брилијантна партија со 12 одбрани.

Македонија делува сигурно, добро подготвено во првите минути на Светското првенство во Германија и Данска, нашата репрезентација доминира против Јапонија и по првото полувреме води со пет разлика.
 
Добро го почнавме мечот, поведовме со 3-1, но Јапонија со серија од 3-0 го превзема водството. Сепак следуваше фантастичен период на нашата селекција со серија од 7-1, за предност од 10-5. 
 
Водството од пет голови разлика го одржувавме до одморот, на полувремето се замина со 18:13.
 
Фантастична партија има Борко Ристовски со дури 12 одбрани во првото полувреме, најефикасен е Кире Лазаров со седум голови, Манасков даде три.
 

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе