Лига на шампиони

Борко бранеше за голема победа на Вардар, во Скопје падна европскиот вицешампион, Алборг!

Вардар повторно е моќен, црвено-црните ја остварија најголемата победа оваа сезона, го совладаа Алборг со 30:28 и се искачија на првото место на табелата. Борко Ристовски со 16 одбрани беше херојот на македонскиот шампион на овој меч. 

Во Скопје повторно паѓаат најголемите европски ракометни екипи, денеска пред Вардар на колена во „Јане Сандански“ клекна Алборг, актуелниот европски вицешампион.
 
Мечот почна изедначено, се играше гол за гол, до 4-4, но потоа Алборг направи серија и поведе со четири гола разлика, 8-4. Во тие моменти судбината на Вардар не изгледаше добро. Но Вујовиќ го повлече клучниот потег, на местото од Томовски во игра влезе Борко Ристовски и почна да реди одбрани.
 
Борко беше брилијантен на голот, а нападот на Вардар функционираше одлично. Негативата брзо беше надополнета, на полувремето се замина со нерешени 16:16.
 
Во почетокот на второто полувреме Вардар поведе и водството го сочува до самиот крај. Најголемата предност македонскиот тим ја имаше при крај, кога поведе со четири гола разлика, 28:24. Потоа следуваше серија на Алборг, кој дојде на -1, но последните две минути му припаднаа на нашиот тим за победа од 30:28.
 
Без дилеми јунак на натпреварот беше Борко Ристовски со 16 одбрани. Оливие Њокас со 7 гола беше најефикасен во составот на Вардар, Дибиров постигна 6, Тото 5. Кај Алборг Бјорнесен даде 6 гола.
 
По три кола Вардар е прв на табелата со две победи и едно реми, од таму може да го симне само Кил, кој утре го игра својот меч, му гостува на Монпелје.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе