ЕП 2020

Бомбач ја предводеше Словенија до победа над Исланд

Словенија прокнижи два нови бода откако го победи Исланд со 30:27, херој на Словенците беше Бомбач кој постигна девет голови. 

Словенија има максимални четири бода во новата група, денеска беа подобри од Исланд совладувајќи го со три голови разлика.
 
Словенците имаа одличен почеток, дојдоа до 7-2 на стартот на мечот, но Исланд успеа да се врати, да го сврти мечот и во неколку наврати во првиот дел да дојде до позитива од еден гол. По првите 30 минути Словенија имаше водство од 15:14.
 
Во вториот дел Словенците доминираа, Исланд тешко парираше. Словенија имаше предност и од шест голови разлика, на крајот славеше со 30:27.
 
Бомбач со девет голови беше главниот ракометар на Словенија во овој меч, Благотиншек и Мачковсек постигнаа по четири. Во составот на Исланд најдобар беше Елисон со шест погодоци.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе