Хрватската јавност бара оставка

Бизарно однесување на хрватскиот селектор за време на интервју по мечот (ВИДЕО)

Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Хрвоје Хорват го навлече гневот на хрватската јавност со неговото однесување за време на интервјуто по мечот против Бахреин кој Хрватите го добија со 43-32. 

Хрватите не ја остварија целта, не успеаа да се пласираат во четвртфиналето на Светското првенство, на табелата завршија зад Данска и Египет. 
 
Хорват по мечот на едно од прашањата одговараше без да зборува, со гестикулации, правејќи се нем, глумеше дека има технички пречки па не се слуша, а покажуваше и срце кон камерата.
 
Ваквото однесување на Хорват предизвика бура од негативни реакции во хрватската јавност која бара оставка од него.
 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе