Супер Глоуб

Барселона рутински одработи против Ал Духаил за пласман во полуфиналето на Супер Глоуб

Барселона немаше проблеми против катарскиот клуб Ал Духаил, победи убедливо со 38:26 и се пласира меѓу четирите најдобри на Супер Глоуб. 

Барса очекувано го надигра Ал Духаил и избори пласман во полуфиналето. Бранителот на трофејот од Супер Глоуб победи со 38:26.
 
Уште од стартот на натпреварот Барселона се одлепи и потоа само рутински ја одржуваше предноста. Не се потроши, но ја оствари целта.
 
Најефикасен во составот на Барселона беше Алекс Гарсија со шест голови, по пет дадоа Фабрегас и Доленец, Циндриќ реализираше четири пати. Во составот на Ал Духаил, Мареф постигна шест голови.
 
Барселона во полуфиналето ќе игра против Ал Вехда од Саудиска Арабија која претходно го победи бразилскиот Таубате.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе