Европскиот шампион ќе има ветер во грб од навивачите

Барселона ќе ја очекува пекол во распродаден „Јане Сандански“

Вардар утре ја пречекува Барселона во натпревар од петтото коло од Лигата на шампионите, каталонскиот гигант ќе го очекува жешка атмосфера бидејќи храмот „Јане Сандански“ ќе биде исполнет до последното место.

По подолго време салата „Јане Сандански“ ќе биде исполнета до последното место, онака како што доликува за натпреварите на европскиот шампион.
 
Во сабота на Вардар му гостува големата Барселона. По четири одиграни кола двата тима имаат ист број на бодови со по три победи и една нерешена средба. Утрешниот натпревар за некој ќе може да значи одлепување на врвот на табелата.
 
Барселона многу добро се сеќава на полуфиналето од Келн кога со гол на Лука Циндриќ во последните моменти Вардар славеше голема победа за пласман во финалето од Лигата на шампионите.
 
Каталонците својот реванш за тој пораз го имаа на неофицијалното светско клупско првенство на почетокот од оваа сезона кога го совладаа македонскиот тим, но тоа беше меч со далеку помало значење од дуелот во Келн.
 
Во сабота двете екипи ќе излезат повторно на мегдан, овој пат во Скопје во преполната сала „Јане Сандански“. За седење има уште неколку десетици билети кои се очекува да бидат продадени на почеток денешниот ден, неколку стотици повеќе има за стоење, но и тие брзо ќе бидат купени.
 
Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона се игра во сабота со почеток од 17:30 часот.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе