Лига на шампиони

Барселона го прегази Алборг и стана Европски шампион

Барселона ја оствари најубедливата пообеда на еден фајнл-фор турнир, го совлада Алборг со 36-23 и стана нов Европски шампион. 

Данскиот тим ги изненади Каталонците на почетокот на средбата, кога создаде предност од три гола (5-2), но потоа Барселона влезе во серија од 7-0 и поведе со 9-5, по што без многу проблеми со паузата зголеми на плус пет (16-11).
 
Алборг немаше сила за никакво изненадување во второто полувреме, па по само неколку минути стана јасно дека титулата ќе им припадне на ракометарите на Барселона бидејќи нивното водство постојано растеше до конечни +13 (36-23).
 
Гомез Абљео беше најефикасен кај Барселона со девет погодоци, додека Сандел постигна осум гола за Алборг.
 
Во борбата за третото место ПСЖ го совлада Нант со 31-28. 
 
Најефикасен кај Нант беше Ејмерик Мине со пет погодоци, додека Лазаров постигна само еден од три обиди. На спротивната страна најдобар беше Феран Соле со пет гола.
 

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе