Супер Глоуб

Барса на крилата на Лука Циндриќ го одбрани трофејот на Супер Глоуб

Барселона ја одбрани светската ракометна титула откако во финалето на Супер Глоуб го совлада Кил со 34:32, поранешниот Вардарец Лука Циндриќ постигна 11 голови.

Каталонскиот ракометен гигант предводен од Лука Циндриќ успеа да го одбрани трофејот на Супер Глоуб.
 
Кил имаше одлично прво полувреме кое го доби со 17:15, но работите се променија во вториот дел. Барселона направи комплетен пресврт и на крајот победи со 34:32.
 
Лука Циндриќ блескаше на овој натпревар постигнувајќи дури 11 погодоци, Палмарсон постигна седум. Во составот на Кил, Екберг реализираше седум пати.
 
Ова за Барселона беше дури петти трофеј на Супер Глоуб.
 
Претходно Вардар го победи Ал Вехда и ја освои бронзата.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе