ЕП 2020

Австрија ја победи Чешка, домаќинот стартуваше со победа

По голема борба и со одлична игра во второто полувреме Австрија ја победи Чешка со 32:29 во воведниот натпревар од групата Б во која е и Македонија. 

Селекцијата на Австрија тргна со победа на Европското првенство, ја победи Чешка со три гола разлика.
 
Натпреварот во најголемиот тек беше изедначен, првото полувреме го доби Чешка со еден гол разлика 14:13.
 
Во вториот дел блескаа бековите Билик и Божовиќ во селекцијата на Австрија, беа незадржливи за Чесите. Домаќините брзо го вратија водството, во неколку наврати дојдоа до три гола предност, разликата со која и заврши мечот 32:29.
 
Фантастичниот Билик постигна 12 голови, седум реализираше Божовиќ, во составот на Чешка Хрстка беше најефикасен со шест погодоци, Здрахала постигна пет.
 
Домаќините сосема заслужено дојдоа до победа и покажаа дека се многу сериозна селекција.
 
Во второто коло Чешка игра против нашата селекција, Австрија со Украина.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе