ЕП 2020

Австрија и Чешка покажаа колку беше лесна групата на Македонија, не победија никој во втората фаза на ЕП

Со денешните натпревари заврши втората фаза од Европското првенство, а екипите кои поминаа понатаму од групата во која играше и Македонија, Австрија и Чешка не победија ниту еден противник. 

Македонија имаше разочарувачки настап на Европското првенство, не успеавме да ја поминеме групата иако бевме во најлесната.
 
Доказ за тоа е настапот на Австрија и Чешка во втората фаза каде одиграа уште по четири натпревари и ниту еднаш не победија.
 
Од тие четири меча Австрија имаше три порази и реми против Белорусија, додека Чешка ги загуби сите натпревари и заврши со нула бодови.
 
Во полуфиналето ќе играат Шпанија - Словенија, Хрватска - Норвешка, а за петтата позиција ќе се борат Германија и Португалија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе