Европска лига

Архаус го победи Еурофарм Пелистер во Битола на стартот од Европската лига

Еурофарм Пелистер со пораз тргна во ЕХФ Европската лига откако го загуби мечот од Скандерборг Архус со 30-27 на домашен терен, пред битолската публика. 

Ларс Валтер ги имаше сите ракометари на располагање со исклучок на Мартин Велковски, но Еурофарм Пелистер одигра под своето ниво и забележа пораз.
 
Навивачите на Пелистер им дадоа одлична поддршка на своите ракометари, но тие разочараа.
 
А почетокот не даваше впечаток дека ќе биде така, Еурофарм Пелистер имаше водство од 7-3, водеше и 10-7 и тогаш почнаа работите да се менуваат. Македонскиот тим падна, Данците се разиграа, направија пресврт и на полувремето заминаа со водство од 15-12.
 
Во вториот дел Архус само ја одржуваше предноста, Пелистер само во еден момент успеа да дојде на еден негатива, но тоа беше се што направија. Конечниот резултат беше 30-17 за гостите.
 
Хененберг и Хосни со по пет гола ги предводеа стрелците, по четири имаа Кузманоски и Костески, додека и двацата голмани завршија со по шест интервенции. Вистинска ноќна мора за Пелистер беше 20-годишниот репрезентативец на Фарски Острови, Хакун Вест Ав Теигун со 11 гола од 13 удари.
 
Во следното коло Еуорфарм Пелистер гостува во Португалија кај Агуаш Сантaш, идниот вторник.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе