РК Вардар

Алушовски: Заедништвото на ракометарите може да биде клучно за дуелот со Мотор

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски верува во добар натпревар против Мотор и покрај тешката ситуација во клубот. 

Алушовски во Вардар доаѓа во лош период, ракометарите долго време не добиле плата, а некои од нив си заминуваат. Синоќа остана беше Криштопанс и Атман, па со крпен состав ќе му се спротивстави на Мотор во сабота.
 
„Нè очекува еден тежок натпревар, знаете дека имаме проблеми со играчкиот кадар, но играме на домашен терен, максимално сме фокусирани. Играчите се свесни за ситуацијата и мислам дека ќе го дадат максимумот. Ја користам оваа можност да ги повикам навивачите да дојдат да нè бодрат и заедно да се издрадуваме на победа со која и дефинитивно ќе се пласираме во осминафиналето. Мотор е една сериозна екипа, која сигурно ќе дојде со амбиции да победи, но ние сме европски шампион, играме на домашен терен и се надевам на најдоброто во сабота“, вели Алушовски.
 
Тој го потенцира заедништвото на ракометарите и се надева дека тоа ќе биде клучно за престојнинот меч.
 
„Ситуацијата секако дека е тешка, но овие играчи покажаа карактер во изминатиот период. Како што кажа и капитенот, ова не е нова ситуација во клубот, ваква е подолго време. Ново е што двајца играчи заминаа и тоа два бека од првата линија. Ако гледам некој оптимизам за овој натпревар, нешто што може да нè покрене е нивното заедништво. Ситуацијата е тешка, но ние сме тука, одработивме максимално оваа недела и направивме сè за да го добиеме мотор. Во сабота кога ќе излеземе пред полна сала, се надевам дека момците ќе го дадат максимумот“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе