Лига на шампиони

Алушовски: Верувам дека ќе се радуваме на победа против Татран

Во недела со почеток од 17 часот, Еурофарм Работник во Битола го пречекува тимот на Татран Прешов. 

По трите порази, Еурофарм Работник во минатото коло ја оствари првата победа откако со еден гол разлика го совлада тимот на Кокс. Сега битолчани имаат реална шанса да врзат уште еден триумф, во Битола пристигнува тимот на Татран Прешов кој загуби на сите четири натпревари досега во Лигата на шампионите оваа сезона.
 
„Татран Прешов е искусна екипа, составена од репрезентативци на Словачка, интернационалци од Шпанија, Хрватска...Секоја година играат во Лигата на шампионите и СЕХА лигата и сигурно нивната вистинска сила не е местото на табелата во нашата група. Имаат искусна екипа, искусен тренер како Голужа, кој исклучително го ценам и нема да биде лесно. Сите шест екипи во оваа група се изедначени, секој секого може да победи и против ниту една екипа не можете да кажете дека сте фаворит. Екипата е освежена, малку се одморивме од напорните патувања, но имаме проблеми со повредените ракометари. Неизвесни се Јотиќ и Стјепановиќ за неделниот натпревар, но без секого се може и се мора и кој и да настапи ќе го дадеме максимумот. Го анализиравме Татран и верувам дека ќе се радуваме на победа“, вели тренерот Стевче Алушовски.
 
Еден од најдобрите играчи во составот на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко исто така верува дека по мечот тие ќе се радуваат на триумф.
 
„Во Лигата на шампионите нема лесен натпревар и секој натпревар е важен. Овој е посебно важен дуел и верувам дека ќе се радуваме на победа. Напорно тренираме, спремни сме и со помош на гледачите верувам дека можеме да победиме против Татран Прешов“, вели Остроушко.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе