РК Вардар

Алушовски верува дека Вардар ќе ги задржи играчите, а најави и ново засилување од Русија

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека главна цел на новото раководство на клубот е да ги задржи ракометарите кои веќе се тука, а потоа да го надгради составот со нови играчи. 

Вардар во следната сезона ќе влезе со нов газда, на местото од Сергеј Самсоненко, доаѓа Михајло Михајловски, човекот кој беше на чело на црвено-црните и пред да дојде Русинот.
 
Михајло е човекот кој треба да го одржи Вардар на високо ниво, а дека ќе биде така верува и тренерот Стевче Алушовски.
 
Тој во подкаст за „Балкан-хендбол“ ја истакна желбата да биде задржан сегашниот тим, но најави и засилување од Русија. Се работи за Дмитри Санталов, десен бек на руската репрезентација и Чеховски Медведи.
 
„Би сакале тоа што остана од Вардар да го задржиме, и да го надоградиме тоа. Не велам дека треба да создадеме тим за повторно да играме на фајнл-фор, но треба да бидеме конкурентни во новиот формат од Лигата на шампионите и да целиме на четвртфинале“, вели Алушовски.
 
„Мојата прва желба е да останат играчите кои се тука, Дибиров, Чупиќ, Стоилов, Калараш, Дисингер, имаме договор и со Санталов кој доаѓа на позицијата лев бек, тука се Мишевски, Борко Ристовски. Би сакал да го донесам Никола Митревски кој мислам дека се уште не се договорил со Порто. Визијата е и Толедо да остане, да се направи некоја македонско-странска комбинација, да речеме да дојде и Георгиевски, но додека не знаеме колкав ќе ни биде буџетот не можеме да направиме ништо. Главната цел ни е да го задржиме тимот кој го имаме, за да не создаваме тим од почеток“.
 
Од составот кој ги играше последните мечеви за Вардар оваа сезона, од носителите на играта нема да можат да останат Скубе и Шишкарев кои веќе ставија потписи со новите клубови. Од Скопје си заминаа и голманите Гедбан и Кугис.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе