Вардар со 33:29 ја загуби пресметката во Скопје против Кјелце, а денеска македонскиот тим игра на гостински терен.
Фактот што и во Полска на трибините нема публика, ќе биде од корист за Вардар, тренерот Алушовски бара подобра игра од голманите и верува дека можеме да се носиме со силниот противник.
„И во Полска исто така ќе играме пред празни трибини. Ги анализиравме нивните добри страни и пред мечот во Скопје, имавме уште четири дена да видиме каде грешевме и што можеме да поправиме. Секако дека има место за напредок, особено во одбраната бидејќи примивме 33 голови. Нашите голмани можат многу повеќе од тоа што го покажаа во Скопје. Исто така и некои детали од играта во нападот можеме да поправиме“, вели Алушовски.
„Се надевам и верувам дека можеме да одиграме еден добар натпревар во Кјелце, ќе покажеме дека Вардар неслучајно освои три бода во досегашниот дел од Лигата на шампионите и дека до 52. минута бевме егал со Полјаците во Скопје. Очекувам неизвесен меч со многу борба, не сме без шанси“.