Лига на шампиони

Алушовски: Порто е фаворит, но ќе се бориме до крај за нови бодови

Вардар во сабота од 16 часот го игра претпоследниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, црвено-црните му гостуваат на Порто. 

Ракометарите на Вардар и покрај сите проблеми со кои се соочуваат убедливо го победија Мотор во Скопје и се пласираа во осминафиналето.
 
Во последните две кола од групната фаза атакуваат на бодови за повисок пласман и полесен противник во нокаут фазата.
 
Гостувањето кај Порто ќе биде тешко, португалскиот клуб покажа дека станува збор за квалитетен состав. Тренерот Алушовски ветува максимален ангажман на неговите ракометари и борба за победа.
 
„Победата против Мотор во претходното коло ја подигна атмосферата в тимот. Сепак не треба тој резултат да ни дава преголеми оптимистички очекувања. Реално гледаме на ситуацијата. Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла - да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме довлно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање - напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот", вели Стефче Алушовски за официјалниот сајт на Вардар.
 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе