Лига на шампиони

Алушовски: Победи посреќната екипа

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски е задоволен од играта на неговите ракометари, но не и од резултатот откако црвено-црните загубија со 24-22 на гостувањето кај Мешков Брест. 

Во еден борбен и неизвесен натпревар Вардар загуби од Мешков Брест. Се уште актуелниот европски шампион имаше шанси и со победа да се врати во Скопје, но домаќините во финишот со серија од 3-0 дојдоа до победата.
 
„Тешко е да се зборува кога ќе загубите на ваков начин. Мислам дека победи посреќната екипа. Како и да е честитки за Мешков и тренерот Алонсо. Направивме неколку клучни грешки во последните минути. Навивачите не се среќни со овој резултат, но морам да им честитам на моите ракометари за борбеноста. Пред нас е уште многу работа, мора брзо да се фокусираме на следниот меч“, изјави Алушовски на прес конференцијата по мечот.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе