Лига на шампиони

Алушовски: Овие ракометари треба да бидат прогласени за национални херои

Стевче Алушевски дебитираше со убедлива победа над Мотор во Лигата на шампионите како тренер на Вардар кој во периодов се соочува со големи проблеми. 

Ракометарите на Вардар се издигнаа над сите проблеми, со 38:28 го победија Мотор и на две кола пред крајот се пласираа во осминафиналето. Алушовски е горд на своите ракометари, вели дека тие треба да се прогласат за национални херои.
 
„Како играч во Вардар сум бил десет години, и еве сега сум овде. Можам да кажам дека Вардар никогаш не бил во полоша ситуација за она што се вика негова иднина. Сега не сакам да зборувам за тактика, само ќе кажам дека овие ракометари треба да се прогласат за народни херои за ова што го прават за Вардар, за нашата држава. Горд сум што работам со еден ракометари кои поседуваат човечки квалитети какви што ретко кој ги има“, вели Алушовски по мечот.
 
„Среќен сум што изборивме пласман во осминафиналето. Ќе направиме се што е во наша моќ да го избегнеме и шестото место за да не играме со ПСЖ или Пик Сегед“.
 
„Во наредните денови би требало да се знае нешто повеќе за нашата судбина. Верувам дека ќе останат сите играчи кои се тука, а мислам дека ќе успееме да донесеме и два нови играчи кои ќе го засилат тимот“.
 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе