Лига на шампиони

Алушовски: Ова е победа која ќе ни даде поттик да бидеме уште подобри

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски е презадоволен по победата над Фленсбург изборена во речиси совршена игра за црвено-црните. 

Фото: РК Вардар
Вардар одигра одлична партија против Фленсбург и победи со 31:26, покажа и дека покрај сите промени тие се еден од најсилните тимови во Европа.
 
„Честитки за Фленсбург за прикажаната игра. Она што сакам да го кажам за нашиот тим, за нашиот претседател, за нашите играчи, за нашите фанови: Ова е една победа која ќе ни даде поттик да бидеме подобри понатаму. Честитки за моите момци, зашто и покрај тоа што немавме натпревар месец- дена подготвени го дочекавме мечот. Пред нас е следниот, немаме многу време за славење, мораме да се концентрираме на натпреварот со порто и таму да целиме на два бода. Ова беа големи два бода кои ни го отвораат патот кон осминафиналето“, вели тренерот Стевче Алушовски.
 
Еден од најдобрите ракометари на Вардар беше Ловро Јотиќ.
 
„Беше тежок меч за нас дефинитивно, по цел месец неиграње. Сега одигравме одлично во првото полувреме, добри бевме и во второто. Во овој момент за нас е најважно да играме ракомет. Едвај го чекаме следниот против Порто, следната недела“, вели Јотиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе