Лига на шампиони

Алушовски: Имавме проблем со шутот од далечина, ни фалеше Дисингер

Стевче Алушовски е разочаран што Вардар не дојде до победата против Порто, но вели дека португалскиот тим заслужил бод, тренерот на Вардар не е задоволен од играта во нападот. 

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски
Одбраната на Вардар функционираше добро, но бековската линија со исклучок на Вујин не беше на потребното ниво, видливо беше отсуството на Дисингер кое Талески не успеа да го надополни.
 
„Честитам на Порто на добриот меч. Знаевме дека ќе биде тешко, дека играат добро 7 на 6. Тоа и се оствари, на крајот немавме среќа, не се радувавме, но можеби Порто освои заслужен бод. Очигледно добро ја простудирале нашата игра, а голем хендикеп беше за нас отсуството на Дисингер, зашто немавме шут од далечина освен Вујин. Мислам дека одбраната беше коректна, но имавме проблеми во нападот“, изјави Стевче Алушовски по мечот.
 
Вујин кој беше еден од најдобрите кај Вардар, признава дека не биле на нивото од мечот со Фленсбург.
 
„Имавме доста проблеми во нападот, многу технички грешки  и промашени зицери. Се надевам дека наредните натпревари тоа ќе го испарвиме. Поделбата на бодовите мислам дека е најреален резултат, затоа што не бевме на нивото од Фленсбург. Порто е една многу квалитетна екипа, која залсужи бод. Можеме да бидеме задоволни од бодот, одевме, на два но тоа е тоа“, вели Вујин.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе