Лига на шампиони

Алушовски: Имаме шанси против Фленсбург, ќе направиме сè за да победиме

Вардар конечно ќе одигра натпревар во Лигата на шампионите, по одложувањата со Елверум и ПИК Сегед, во четврток во „Јане Сандански“ пристигнува Фленсбург. 

Вардар еден месец нема официјален натпревар, играа само пријателски против Металург и Бутел, за разлика од нив Фленсбург немаше такви проблеми, во Лигата на шампионите има три победи од три меча. Ги победи Кјелце, ПСЖ и Порто, а играше натпревари и во Бундеслигата.
 
„Овој натпревар со Фленсбург е прв за нас на домашен терен, но исто така е прв по подолго време, знаете дека месец дена не сме одиграле натпревар. Фленсбург е во мала предност, ако така може да се каже, зашто е во некоја натпреварувачка форма, во еден натпреварувачки ритам. Ние тренираме месец дена и се обидовме да одиграме два пријателски натпревари. Она што очекувам е, пред се и без разлика на се една машка борбена игра од наша страна“, вели Алушовски.
 
„Добро ги анализиравме, не сме без шанси против Фленсбург иако досега се без пораз и го победија ПСЖ на гостински терен. Меѓутоа играме на домашен терен, ќе се обидеме да излеземе како победници од овој натпревар. За мене многу важно е моите играчи да бидат подобри од она последно издание во Мешков и мислам дека на крај ќе имаме шанси да се радуваме. И тие имаат проблеми со повредени играчи, немаат некоја не знам каква ротација, но реков, во натпреварувачки ритам се па тоа е мала предност. Но тоа не значи дека ние нема да направиме сè за да излеземе како победници на крај“.
 
Натпреварот помеѓу Вардадр и Фленсбург се игра во четврток со почеток од 20:45 часот.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе