РК Вардар

Алушовски: Имаме конкурентен тим, целта е четвртфинале во Лигата на шампионите

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски денеска ја направи првата прозивка за следната сезона, вардаровите ракометари ги почнаа подотовките. 

Новиот Вардар денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона. Заврши ерата на Сергеј Самсоненко, клубот повторно е во рацете на Михајло Михајловски.
 
Новото раководство успеа да го задржи високиот квалитет на тимот. Останаа добар дел од ракометарите, а донесени се и сериозни засилувања. Алушовски вели дека целта е четвртфинале во ЛШ, фајнл-фор во СЕХА и освојување на домашното првенство.
 
„Среќен сум што денеска, на 18 јули конечно ги почнуваме подготовките. Ова е неприродна ситуација поради коронавирусот, но ние мораме да се вратиме на работа. Пред нас се големи предизвици. Направивме конкурентна екипа која има за цел оваа сезона да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата и да го освои домашното првенство. Вардар е актуелен европски шампион, можеби нивото не е како на минатите години, но не е ниту за потценување“, вели тренерот Алушовски.
 
„Знаете каква беше ситуацијата во февруари со повреди и финансии, да не се навраќаме на тоа. Ние сега успеавме да направиме конкурентен тим, имаме здрава конкуренција на секоја позиција. Донесовме звучни имиња како Марко Вујин кој иако се враќа по една пауза и тешка здравствена состојба, сепак е големо име кој ја има освоено Лигата на шампионите. Имаме тимска атмосфера и со добра работа мислам дека можеме да ги оствариме целите“.
 
Вардар ќе се подготвува во Скопје, ќе учествува на турнирот во Струга од 12 до 16 август, и треба да игра на турнирот во Кањижа од 21 до 23 август.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе