РК Вардар

Алушовски: Добивме тешка група, но не се плашиме од никого

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека нема лесен противник во групата од Лигата на шампионите, целта на црвено-црните е четвртфиналето. 

Вардар денеска ги доби противниците за следната сезона од Лигата на шампионите, ќе играме во групата А со ПСЖ, Кјелце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест, Елверум и Фленсбург.
 
Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека групата е тешка, не смее никого да се потцени, следува анализа на противниците и ќе се оди чекор по чекор.
 
„Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противник. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го остварим етоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме“, изјави Стевче Алушовски.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе