Англија Лига Куп

Алиоски од херој стана трагичар за Лидс (ВИДЕО)

Лидс е елиминиран од Лига Купот на Англија откако по една долга пенал серија загуби од Хал, Алиоски од херој се претвори во трагичар, тој му донесе пенали на својот тим со гол во судиското продолжение, но потоа промаши од белата точка. 

Биелса настапи главно со играчи кои не играат против Ливерпул, па Алиоски доби шанса од првата минута и го одигра целиот меч.
 
Хал водеше со гол на Вилкс уште од петтата минута, овој резултат беше актуелен се до судиското продолжение. Кога се чинеше дека тие ќе победат во регуларниот дел, Алиоски постигна гол во 93. минута за конечни 1-1.
 
Следуваа пенали, Алиоски беше втор изведувач и не успеа да погоди. Пеналите имаа дури десет серии, на крајот промаши уште еден играч на Лидс, Шаклтон по што можеше да почне радоста на Хал.
 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе