Лига на шампиони

Алборг му се реваншираше на Вардар, нов пораз на црвено-црните

По поразот од Монпелје, Вардар загуби и на гостувањето кај Алборг кој беше голем фаворит во овој меч, македонскиот тим доживеа пораз од 33-29. 

Вардар се покажа во подобро издание отколку на дуелот со Монпелје, но тоа не беше доволно да се изненади Алборг.
 
Алборг почна фуриозно, со водство од 3-0, но Вардае се врати, дури во два наврати имаше и водство, но во финишот данскиот тим повторно успеа да се одлепи на три гола разлика, на одморот се замина со 16-13. Во првите 30 минути свое шоу имаше Дибиров кој постигна дури девет голови.
 
Во вториот дел Вардар повторно почна лошо, Алборг направи серија од 5-1, се одлепи на седум голови разлика. Македонскиот тим во финишот дојде до минус два, но немаш сили за повеќе. На крајот Алборг победи со 33-29.
 
Дибиров остана на тие девет гола од првото полувреме, Кевин Њокас реализираше седум. Кај Алборг најдобар беше Палмарсон со девет гола.
 
Во следниот меч Вардар на свој терен го пречекува Кил, мечот се игра на 27 октомври.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе