Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина.

Пријавувањето за годинешното издание на „Вози право, вози здраво“ веќе започна. Сите што сакаат да учествуваат може да се регистрираат со што ќе добијат бројче кое може да го подигнат од 1 до 4 јуни во i-bank store филијалата на Стопанска банка АД-Скопје. Стартот на трката е закажан за 18 часот од Порта Македонија, додека целта е во Градски парк каде што ќе се организира голема забава и богата лотарија за учесниците.

На „Вози право, вози здраво“ сите се победници и затоа не се мери времето. Главната цел на настанот е учесниците да се забавуваат и да придонесат за промоција на здравите животни навики, користење на еколошки средства за транспорт и за зачувување на животната средина. Стопанска банка ќе обезбеди вода, освежување, сладолед и грицки за учесниците, а за добрата забава на крајот ќе се погрижат Baskerfest.

На крајот од настанот ќе има богата лотарија за регистрираните учесници во која најсреќните ќе добијат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед.

Шестото издание на „Вози право, вози здраво“ се организира по пауза од две години поради пандемијата. На последниот настан во 2019 година имаше 7.800 регистрирани учесници.

 

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе